ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ДРУШТВОТО ЗА СПОРТСКА ТРГОВИЈА МЕГАСПОРТ ЉУБОМИР ДООЕЛ СКОПЈЕ

(https://www. megasportonline.mk/) 

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):

Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.

  • Колачињата „за време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
  • „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.

Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:

  • Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и
  • Kолачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.

Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Друштвото за спортска трговија МАГАСПОРТ Љубомир ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: МЕГАСПОРТ) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.

Што прават колачињата?

Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.

Дали можам да ги избришам колачињата?

Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.

Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?

Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:

  • Google Chrome
  • Microsoft Edge
  • Mozilla Firefox
  • Microsoft Internet Explorer
  • Opera
  • Apple Safari

За да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

Како ги користиме колачињата?

Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница. Деталите се наведени подолу.

Колачиња што ги поставуваме

НеопходниНеопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
ПреференцијалниПреференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате.
СтатистичкиСтатистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.
МаркетингМаркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.

  • Повеќето колачиња што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на МЕГАСПОРТ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на МЕГАСПОРТ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што се Google и AddThis кои ги поставуваат колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од МАГАСПОРТ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не МЕГАСПОРТ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.
  • Најчестиот вид колачиња што се користи на веб страницата на MЕГАСПОРТ се поставени од Google Analytics, кои ни обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.

Колачиња кои се користат од страна на МЕГАСПОРТ

Неопходни колачиња поставени од МЕГАСПОРТ

Назив на колачетоКој го поставуваОпис и целПериод на траење
languagemegasportonlineshop.comГо памти изборот на јазик од страна на корисникот на веб страницата29 дена
OCSESSIDmegasportonlineshop.comЈа зачувува состојбата на корисничката сесија при испраќање на барање за страницатаЗа време на сесијата

 

Колачиња за преференции поставени од МЕГАСПОРТ

Назив на колачетоКој го поставуваОпис и целПериод на траење
currencymegasportonlineshop.comГи зачувува преференциите на посетителот во однос на валутата.29 дена

 

Статистички колачиња поставени од трети страни

Назив на колачетоКој го поставуваОпис и целПериод на траење
_gamegasportonlineshop.comРегистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.2 години
_gatmegasportonlineshop.comГо користи Google Analytics за следење на стапката на барања1 ден
_gidmegasportonlineshop.comРегистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.1 ден

Маркетинг колачиња поставени од трети страни

Назив на колачетоКој го поставуваОпис и целПериод на траење
__atuvcmegasportonlineshop.comГо ажурира  броилото за споделувања на социјалните мрежи.13 месеци
__atuvsmegasportonlineshop.comОсигурува дека ажурираното броилото ќе му се прикаже на корисникот доколку страницата се споделува преку услугата на Add This.1 ден
_at.cwwmegasportonlineshop.comСе користи од платформата за споделување Add This.Трајни
at-lojson-cache-#megasportonlineshop.comСе користи од платформата за споделување Add This.Трајни
at-randmegasportonlineshop.comСе користи од платформата за споделување Add This.Трајни
locaddthis.comСе користи геолокација за да им помогне на провајдерите да утврдат каде се географски лоцирани корисниците кои меѓусебно споделуваат информации.13 месеци
uvcaddthis.comОткрива колку често ист корисник ја користи услугата за споделувања на Add This.13 месеци
xtcaddthis.comГи регистрира корисниците кои споделуваат информации преку социјалните медиуми.13 месеци

Некатегоризирани колачиња поставени од МЕГАСПОРТ

Назив на колачетоКој го поставуваОпис и целПериод на траење
jrvmegasportonlineshop.com/29 дена

Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте не на следните електронски адреси: contact@megasportonlineshop.com или ozlp@megasport.com.mk