Menu
Your Cart

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ДРУШТВОТО ЗА СПОРТСКА ТРГОВИЈА МЕГАСПОРТ ЉУБОМИР ДООЕЛ СКОПЈЕ

(https://www. megasportonline.mk/) 

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):

Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.

·         Колачињата „за време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.

·         „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.

Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:

·         Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и

·         Kолачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.

Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Друштвото за спортска трговија МАГАСПОРТ Љубомир ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: МЕГАСПОРТ) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.

Што прават колачињата?

Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.

Дали можам да ги избришам колачињата?

Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.

Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?

Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:

За да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

Како ги користиме колачињата?

Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница. Деталите се наведени подолу.

Колачиња што ги поставуваме

Неопходни

Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.

Преференцијални

Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички

Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.

Маркетинг

Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.

 

§  Повеќето колачиња што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на МЕГАСПОРТ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на МЕГАСПОРТ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што се Google и AddThis кои ги поставуваат колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од МАГАСПОРТ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не МЕГАСПОРТ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.

§  Најчестиот вид колачиња што се користи на веб страницата на MЕГАСПОРТ се поставени од Google Analytics, кои ни обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.

Колачиња кои се користат од страна на МЕГАСПОРТ

 

Неопходни колачиња поставени од МЕГАСПОРТ

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

language

megasportonlineshop.com

Го памти изборот на јазик од страна на корисникот на веб страницата

29 дена

OCSESSID

megasportonlineshop.com

Ја зачувува состојбата на корисничката сесија при испраќање на барање за страницата

За време на сесијата

 

Колачиња за преференции поставени од МЕГАСПОРТ

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

currency

megasportonlineshop.com

Ги зачувува преференциите на посетителот во однос на валутата.

29 дена

 

Статистички колачиња поставени од трети страни

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

_ga

megasportonlineshop.com

Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.

2 години

_gat

megasportonlineshop.com

Го користи Google Analytics за следење на стапката на барања

1 ден

_gid

megasportonlineshop.com

Регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата.

1 ден

 

Маркетинг колачиња поставени од трети страни

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

__atuvc

megasportonlineshop.com

Го ажурира  броилото за споделувања на социјалните мрежи.

13 месеци

__atuvs

megasportonlineshop.com

Осигурува дека ажурираното броилото ќе му се прикаже на корисникот доколку страницата се споделува преку услугата на Add This.

1 ден

_at.cww

megasportonlineshop.com

Се користи од платформата за споделување Add This.

Трајни

at-lojson-cache-#

megasportonlineshop.com

Се користи од платформата за споделување Add This.

Трајни

at-rand

megasportonlineshop.com

Се користи од платформата за споделување Add This.

Трајни

loc

addthis.com

Се користи геолокација за да им помогне на провајдерите да утврдат каде се географски лоцирани корисниците кои меѓусебно споделуваат информации.

13 месеци

uvc

addthis.com

Открива колку често ист корисник ја користи услугата за споделувања на Add This.

13 месеци

xtc

addthis.com

Ги регистрира корисниците кои споделуваат информации преку социјалните медиуми.

13 месеци

 

Некатегоризирани колачиња поставени од МЕГАСПОРТ

Назив на колачето

Кој го поставува

Опис и цел

Период на траење

jrv

megasportonlineshop.com

/

29 дена

 

Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте не на следните електронски адреси: contact@megasportonlineshop.com или ozlp@megasport.com.mk