ПОЛИТИКА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ НА ДРУШТВОТО ЗА СПОРТСКА ТРГОВИЈА МЕГАСПОРТ ЉУБОМИР ДООЕЛ СКОПЈЕ
ВОВЕД
Оваа политика објаснува како Друштвото за
спортска трговија МЕГАСПОРТ Љубомир ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: МЕГАСПОРТ) може да ги користи вашите
лични податоци за цели на вршење директен маркетинг.
ШТО
Е ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ?
Директен маркетинг е рекламирање насочено кон конкретни
физички лица, за разлика од рекламите на билборди, во весниците, преку радио
или телевизија, кои се наменети за неодредена група на физички лица кои ќе ги видат,
прочитаат или слушнат.
КАКО
ВРШИМЕ ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
МЕГАСПОРТ врши директен маркетинг исклучиво преку е-маил со достава
на неделен Е-Билтен кој содржи информации за понуда на производи и промоции, користејќи
ја платформата. МЕГАСПОРТ не врши директен маркетинг усно преку телефон, преку
СМС пораки или преку пошта.
МЕГАСПОРТ спроведува политика на избор (opt-in), со која секој
корисник што сака да добива рекламни содржини од нас, неопходно е претходно да даде
експлицитна согласност за вршење директен маркетинг. МЕГАСПОРТ не се повикува на
легитимен интерес како правна основа за да го испраќа својот електронски билтен.
.
КАКО
ДА ГИ ДОБИЕТЕ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ
Секој што сака да ги добие овие информации ќе треба да се
„пријави“ (opt-in), со што ќе ни даде експлицитна согласност за вршење директен
маркетинг, односно испраќање Е-Билтен на е-маил, преку кој нудиме нови
производи и промоции.
Секој може да се пријави на еден од следниве начини:
1. Преку формата „Регистрирајте се“, со пополнување на полето за регистрација, селектирање на квадратчињата пред изјавите:
и внесување на вашата е-маил адреса во селектираното поле за добивање на Е-Билтен.
2. Преку формата „Е-Билтен,“ со внесување на вашата е-маил адреса во селектираното поле за добивање на Е-Билтен, при што претходно задолжително треба да ги слектирате квадратчињата пред изјавите:
За електронскиот билтен во нашата база се запишува вашата е-маил адреса, IP адресата и датумот на регистрација.
Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци, МЕГАСПОРТ може во секое време да докаже дека добил валидна согласност и води евиденција за тоа кој се согласил, кога, како и за што.
2. КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ
Вашата согласност за вршење на директен маркетинг, можете да
ја повлечете во секое време или да приговарате за обработка на вашите лични
податоци за цели на директен маркетинг. МЕГАСПОРТ нуди опција за „одјава“
(opt-out) во секое време преку линкот за одјавување достапен во е-маил пораките
што ги добивате од нас или преку вашиот регистриран профил.
МЕГАСПОРТ
води евиденција на физички лица кои се одјавиле од услугата за директен
маркетинг. Со повлекување на вашата согласност МЕГАСПОРТ ќе ги избриши во
целост вашите податоци во рок од 1 работен ден од збирката на личните податоци
за директен маркетинг.
Воедно, имате опција и да го избришете вашиот профил со
селектирање на опцијата .
Вашиот профил ќе биде блокиран веднаш кога ќе побарате бришење. Деталите за
вашиот профил ќе бидат целосно избришани* од нашата база на податоци што е
можно поскоро, но не подоцна од 30 работни дена откако ќе го добиеме вашето
барање.
* Ве молиме запомнете: не можеме да ги избришеме записите за вашите нарачките, бидејќи имаме законска обврска да ги чуваме овие информации за проверка од надлежните институции за период од 5 години.
КАКО
МЕГАСПОРТ
ПОСТАПУВА СО
ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
МЕГАСПОРТ постапува со личните податоци на транспарентен начин:
РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ
МЕГАСПОРТ не продава, не разменува или споделува лични
податоци и информации за своите клиенти со трети лица за цели на директен
маркетинг, освен со обработувачи кои обезбедуваат услуги за МЕГАСПОРТ за цели
на директен маркетинг. МЕГАСПОРТ има склучено договори со своите обработувачи,
во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и со оваа
политика за директен маркетинг.
Повеќе
информации можете да најдете во Политиката за приватност на МЕГАСПОРТ.
ПОЛИТИКА
ЗА ПРИВАТНОСТ НА МЕГАСПОРТ
Покрај оваа политика за директен маркетинг, МЕГАСПОРТ има донесено и објавено посебна Политика за приватност во која се наведени детални информации за тоа како ја штитиме вашата приватност и како ги чуваме безбедни вашите лични податоци.
ПРАВА
НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
а) Право на потврда
Како субјект на лични податоци (корисник на
услугата за директен маркетинг) имате право да добиете потврда од МЕГАСПОРТ
дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од МЕГАСПОРТ за вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. Законот за заштита на личните податоци Ви гарантира пристап до следниве информации:
Покрај тоа, имате право да добиете
информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за
соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
Имате право да добиете исправка на Вашите
неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на
обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде
заборавен“)
Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
ѓ) Право на преносливост на податоци
Вашите лични податоци чија обработка ја
вршиме со автоматски средства, врз основа на ваша согласност, имате право да ги
добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да
барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор без мешање од МЕГАСПОРТ
кому му се дадени личните податоци, под услов ако е технички изводливо.
е) Право на приговор
Имате право да поднесете приговор до МЕГАСПОРТ,
против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.
Во случај на приговор, повеќе нема да ги
обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.
з) Право на повлекување согласност за
заштита на податоците
Согласноста за обработка на Вашите лични
податоци, имате право да ја повлечете во секое време.
Доколку
сакате да остварите некое од Вашите права, може да го контактирате нашиот
офицер за заштита на лични податоци Ана Лукаревска, на:
Контакт
телефон: (+389) 02 3115 -293
Е-маил адреса: ozlp@megasport.com.mk
Офицерот за заштита на личните податоци ќе
постапи по барањето без одлагање.
ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА
ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку сметате дека личните податоци не ги
обработуваме согласно Законот за заштита на личните податоци можете да се
обратите до:
Агенција за заштита на
личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр.
18 Скопје
ИЗМЕНА
НА ПОЛИТИКАТА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
МЕГАСПОРТ има дискреционо право да ја ажурира оваа политика во
секое време. Кога ќе го сториме тоа, ќе го ревидираме ажурираниот датум на
дното на оваа политика. Ги охрабруваме корисниците да ја проверуваат оваа
страница за да останат информирани за секоја промена и за тоа како ги штитиме
личните податоци што ги собираме.
КОНТАКТИРАЈТЕ
НЕ
Доколку имате какви било прашања во врска со нашата Политика
за директен маркетинг, ве молиме, користете ја формата за Контакт
(megasportonlineshop.com) на нашата веб страница, испратете ни е-маил на contact@megasportonlineshop.com или пишете ни на адреса МЕГАСПОРТ Љубомир
ДООЕЛ Скопје ул. Кеј 13 Ноември бб, ГТЦ 1000 Скопје, Република Северна
Македонија.